Centar.mk
фотографијата е направена со AI за потребите на Centar.mk
БИЗНИС

Не се менува цената на парното

Не се менува цената на топлинската енергија – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија. РКЕ донесе одлука со која продолжуваат да важат актуелните цени за топлинска енергија се до донесување на нова одлука.

„РКЕ изврши длабинска анализа на доставените податоци за работата на компаниите кои вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Градот Скопје. Констатиравме дека за донесување на одлука која ќе ги рефлектира во целост реалните трошоци на сите регулирани дејности, посебно производство на топлинска енергија, дополнително е потребна проценка на вредноста на основните средства – топланите.
РКЕ во февруари испрати барање за процена на основните средства за дејноста производство до Бирото за процена, но до денес го немаме добиено извештајот за процена и поради тоа не може да се направи финална пресметка.
Со цел овозможување на еднаков третман на сите потрошувачи на топлинска енергија на територијата на Град Скопје, РКЕ донесе одлуки да продолжат да важат истите тарифи, односно сметките за парно не се менуваат, се до нова одлука “ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Инаку со последната одлука од 1 февруари цената за потрошувачите на топлинска енергија во Град Скопје беше зголемена за 5,03 %, како резултат на зголемената цена на природниот гас на светските берзи за 16 % во последниот квартал од 2024 година.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +