Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нова трагедија ја потресе Македонија: Лишен од слобода возач во Гостивар, со швајцарско “бмв” предизвика несреќа и усмрти млад мотоциклист

Денеска (29.07.2025) во 01.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул.„Илинденска“ во Гостивар, помеѓу патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од лице (38) од с.Балиндол, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Гостивар. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Возачот И.М. бил лишен од слобода, а по наредба на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Коњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата година

ДЕСК

Штерјова: Нов удар на Мицкоски врз граѓаните – поскапо парно за 20%, следува и поскапа струја

ДЕСК

Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

ДЕСК