Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: На Скопје не му требаат рециклираните споменици од времето на режимот

– Скопје 4 години тоне на секое поле, скопјани се соочуваат со нехигиена, хаос во јавниот превоз, урбанистичко дивеење, а ВМРО- ДПМНЕ и Арсовска се фатија за рециклирање на споменици од режимот и криминалниот Скопје 2014.

Андон Јанев- Ќосето е историска маргинална но длабоко контраверзна личност. Ваков споменик не треба да биде поставен каде било, а најмалку во Скопје. Неговото место, може да е само во соодветно поглавје од македонската историја, поткрепено со историски извори.

На Скопје не му треба ново споменично лудило туку реализација на проекти и подобрување на животот на скопјани.

На скопјани им треба чисто Скопје со функционални претпријатија, обнова на јавниот превоз, да живеат во метропола во која може да стигнат навреме и без нервози.

На Скопје му треба запирање на урбанистичкиот хаос, целосна обнова на постојната инфраструктура на градот и враќање на културата, животот и урбаниот дух на Скопје, кој толку многу недостига, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК