Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шукова: На Скопје му требаат затворени и модерни пазари, ова е еден од моите проекти за градот

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера го посети пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, кандидатка за градоначалничка на општина Карпош.

„Денес бевме на пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, нашата кандидатка за Карпош. Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите,“ изјави Шукова.

Таа посочи дека условите за работа се лоши, особено при екстремно високи температури.

„На вакви пеколни температури тешко се седи цел ден на тезга, немаат услови, но мораат да бидат таму. Работат напорно, чесно, и заслужуваат подобри услови за работа.“

Клучното барање кое било истакнато од страна на продавачите е јасно:

„Најчестото барање што го слушнавме беше едноставно – затворен пазар со нормални услови за работа.“

Во таа насока, Шукова истакна дека решението е веќе дел од нејзината програма.

„Во мојата програма имам конкретни проекти за затворање и модернизација на градските пазари. Пазарите ќе бидат живи, безбедни и функционални простори и за продавачите и за купувачите.“ – изјави Шукова.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК