Centar.mk
фото МВР
-ГЕРМАНИЈА

Апсења на Табановце

Лишени од слобода две лица на ГП „Табановце“ поради фалсификување исправа.

На 25.07.2025 во 14.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, од слобода се лишени С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје. Во обид да влезат со приоритет, С.С., кој го управувал возилото „голф“ со скопски регистарски таблички, во кое се превезувале, на полициските службеници од ФРОНТЕКС им рекол дека е дипломат, приложувајќи патна исправа наводно издадена од Европски полициски комитет, а на македонските полициски службеници им рекол дека е вработен во МВР, но не ја носел службената легитимација. При дополнителна контрола на лицето и возилото биле пронајдени патни исправи, една биометриска страна за патна исправа, два пластични печати, четири лични карти и други предмети. Поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по чл.378 од КЗ, пронајдените предмети се одземени, а лицата лишени од слобода и по целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Цела недела Владата на Мицкоски не презема мерки за цените на горивата

C +

Кузеска: Тројанскиот коњ Мицкоски

C +

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

C +