„Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за зголемување на животниот стандард на сите граѓани. Собранието донесе закони со кои се подобрува животниот стандард на студентите и пензионерите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Студентите ќе добијат по 250 евра или 15.300 денари за електронски уред. Секој студент запишан во учебната 2025/2026 година, на државните или приватните универзитети, ќе добие 250 евра ваучер за купување на електронски уреди. Оваа мерка ќе опфати над 55 илјади студенти, 55 илјади електронски парчиња коишто ќе бидат наменети за студентите.
За разлика од минатите влади на СДС и ДУИ кои ги заборавија пензионерите, Владата на ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни чекори. Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите категории на граѓани со цел поквалитетен живот и зголемување на стандардот.
Зголемување на пензиите за сите пензионери за 2.000 денари. Ова зголемување заедно со претходното од 5 000 денари значи вкупно зголемување од 7 000 денари по пензионер месечно. Грижата за пензионерите останува еден од клучните приоритети во социјалната политика.
Подобрување на квалитетот на животот на граѓаните преку конкретни мерки е стратешка цел на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Преку повисоки плати, пензии и поддршка на ранливите категории до поголема економска сигурност на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...