Centar.mk
фото Министерство за Здравство
МАКЕДОНИЈА

За еден месец 80 лица се сретнаа со министерот Алиу преку „Отворен кабинет”

Во изминатиот месец 80 граѓани преку алатката „Отворен кабинет” се сретнаа со министерот за здравство Азир Алиу. Барањата, предлозите и сугестиите на граѓаните се предмет на системско постапување во рамки на Министерството за здравство, односно тие се анализираат и проследуваат за натамошно постапување.

До овој момент одговорено е и постапено е по 29 отсто од барањата, за еден дел потребни се системски унапредувања кои веќе се иницирани, додека за останатиот дел формирани се комисии за поефикасно постапување по ниве.

За потсетување, министерот Алиу во текот на утрешниот ден е на терен во Штип, во рамки на иницијативата „Мобилен кабинет”, каде од 12 до 14 часот ќе има средба со граѓани во просториите на Клиничката болница-Штип и сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност директно да ги споделат своите искуства, проблеми или предлози поврзани со здравствениот систем.

За учество на овие средби потребна е претходна пријава преку платформата „Отворен кабинет”, која е достапна преку интернет страницата на Министерство за здравство: https://zdravstvo.gov.mk/
фото Министерство за Здравство

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК