Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Со зголемувањето на пензиите за илјадарка оштетени се над 318.000 пензионери кои ќе земат помалку од она што би им следувало со системско покачување, тврди СДСМ

– Власта спроведува историска имама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026, изјави на Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – пратеничка од СДСМ.
.
– Зошто?

Затоа што со ваково линеарно зголемување од 1.000 денари, Владата го укинува правичното законско усогласување – со што пензиите ќе се зголема многу повеќе.
Механизмот што го донесе СДСМ да ги штити пензиите од инфлација и раст на трошоците за живот ќе значеше зголемивање на сите пензии за 5% во септември и уште 5% во март, со сегашното ниво на трошоци и плати.

Сега, 92,5% од сите пензионери – над 318.000 луѓе – се оштетени и ќе добијат помали пензии отколку што реално им следува и заслужиле.
Некои помали дури и за 2.000 денари, некои помали и за 4.000 денари.

Ете толку им краде владата на пензионерите во септември и март.

Само 7,5% ќе добијат некаква корист, и тоа – помалку од тоа што им следува и го заслужиле.

Ова не е „повисока пензија“, ова е системска измама и пресметан грабеж.

Погрешните политики на Владата на Мицкоски се рецепт за сиромаштија на пензионерите.

Инфлацијата во земјата изнесува 4,5% – што директно го јаде животниот стандард на пензионерите. Трошоците за живот пораснаа за над 6.000 денари годишно.
А дефицитот на ПИОМ фондот надминува 47% и секојдневно расте. Ова е сериозен аларм и загрозување на исплатата на пензиите во иднина.

Луѓето кои целиот живот го посветивте на работа, на земјата, на општеството не заслужувата ваков однос од сопствената власт.

Не смееме да дозволиме оние што ги изградиле училиштата, болниците, патиштата, фабриките – денес да живеат со страв од сметки, со скратена пензија, со чувство дека се заборавени.
Пензинерите не бараат милостина, им следува она што со години, со труд и одрекување, го заслужиле, рече пратеничката.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО КОЈА СИТЕ ЈА ОЧЕКУВААТ: Од недела значителен пад на температурите и дожд – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Нова трагедија на охридското крајбрежје – пронајдено тело на починат скопјанец

ДЕСК

Африм Гаши излезе од болница

C +