Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Љупчо Николовски: Само една нова мала винарија за една година – катастрофален резултат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

Шокантен пад во поддршката за малите производители. Според официјални податоци, во една година под Владата на ВМРО-ДПМНЕ е регистрирана само една нова мала семејна винарија. За споредба, во една година под Владата предводена од СДСМ беа отворени 101 мали семејни визби – тоа се 101 нови семејни бизниси, 101 можност за локален развој и работни места, реагираше пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски.

Ова е директен резултат на укинувањето на реформите и програмите што СДСМ ги воведе за поддршка на малите производители, винари и земјоделци. Наместо да ги надградат успешните политики, ВМРО-ДПМНЕ ги укина без почит кон трудот на земјоделците.

Ваквата безидејност и неспособност имаат сериозни последици го уништуваат локалниот агро-бизнис и ја враќаат државата чекор назад.

СДСМ останува на страната на малите производители и ќе продолжи да се бори за политики што носат реална поддршка, развој и просперитет за секое семејство и секоја општина.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +