Centar.mk
ЛОКАЛНО

Успешно спроведена крводарителна акција во Општина Илинден

По повод националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август” во Општина Илинден се одржа уште една успешно спроведена крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден”. На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело со дарување на крв.

На акцијата која почна во 09:00 часот и траеше до 14 часот собрани се околу 30 крвни единици. Кесите со собраната крв ќе бидат предадени на Институтот за трансфузиона медицина и ќе ја добијат оние кои имаат најмногу потреба од неа.

Дополнително крводатителската акција ја поддржа општествено одговорната компанија Нелт, пришто на секој крводарител им подари пакетче со производи.

Можеби ќе ве интересира

Целосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и Мралино

ДЕСК

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СКОПЈАНИ – Објавени најновите резултати од контролата на водата за пиење

ДЕСК

Ветувањето исполнето – Македонска општина им ја зголеми помошта на 5000 денари на пензионерите

ДЕСК