Centar.mk
Фото Министерството за здравство
-МАКЕДОНИЈА

Министерот за здравство Азир Алиу со „Мобилен кабинет“ во Штип

Во сабота, на 26 јули 2025 година, министерот за здравство, Азир Алиу ќе престојува во Штип, во рамки на иницијативата „Мобилен кабинет“.

Активностите ќе започнат со работна средба со раководството и медицинскиот персонал на ЈЗУ Клиничка болница – Штип, на која ќе се разговара за предизвиците, ресурсите и плановите за унапредување на здравствените услуги во регионот.

Во периодот од 12:00 до 14:00 часот, министерот Алиу ќе одржи и средби со граѓани, кои ќе имаат можност директно да ги споделат своите искуства, проблеми или предлози поврзани со здравствениот систем.

За учество на овие средби, потребна е претходна пријава преку платформата „Отворен кабинет“, која е достапна на интернет страницата на Министерството за здравство: https://zdravstvo.gov.mk/

Министерството за здравство ги охрабрува граѓаните на Штип и околината да ја искористат оваа можност за директна комуникација со министерот Азир Алиу.

Иницијативата „Мобилен кабинет“ претставува модел на теренска работа преку кој министерот за здравство, Азир Алиу заедно со членови на кабинетот, ќе ги посетува здравствените установи низ државата. Целта е директен увид во состојбите на јавните здравствени установи, подобра координација со медицинските работници и отворен дијалог со граѓаните.

Фото Министерството за здравство

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК