Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Почина Македонец во морето кај Драч

Македонски државјанин на 66-годишна возраст го загуби животот вчера попладне на плажа во близина на Каваја, недалеку од албанскиот град Драч, откако веднаш по влегувањето во морето доживеал срцев удар.

Според извештаите на албанската полиција, инцидентот се случил околу 19 часот. Очевидци сведочат дека мажот нагло се почувствувал лошо и за кратко време исчезнал под водата. Присутните веднаш интервенирале и го извлекле од морето, а на местото на настанот брзо пристигнала и екипа на итната медицинска помош. Сепак, лекарите само можеле да ја потврдат смртта.

Албанските власти продолжуваат со истрага за да ги утврдат сите детали и околности поврзани со трагичниот настан.

Можеби ќе ве интересира

ОДЛУКИТЕ ЗА „ЛАСКАРЦИ“ И МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ГИ ФРУСТРИРААТ ГРАЃАНИТЕ – Мицкоски со остри критики

ДЕСК

БРИСЕЛ СО КРИТИКИ, МИЦКОСКИ СО СПРОТИВЕН СТАВ – Нов спор за Кривичниот законик

ДЕСК

ИМА ЛИ ПРЕДИСТРАГА ЗА „АЛТА БАНКА“? – Државниот обвинител одби да открие пред пратениците

ДЕСК