Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полициски службеници од Хеликоптерската единица и САЕ “Тигар” спасија повредено лице на планината Баба

Денеска (20.07.2025) во утринските часови, по претходно повикана помош за спасување на лице кое се наоѓа на непристапен планински предел на планината Баба, битолско, хеликоптерот агуста бел 212 на Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, веднаш по применото барање за помош, полета и се упати на спасувачка мисија на планина Баба.

Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи се упати за извршување на зададената задача со тројца припадници од Одделот на воздухопловни единици и тим од четири припадници од Специјалната антитерористичка единица “Тигар”. Повреденото лице, за релативно кратко време беше успешно извлечено од местото Видиковец на планината Баба, по што беше предадено на итната медицинска помош од Битола.

Полициските службеници, припадниците на Одделот за воздухопловни единици и на Специјалната антитерористичка единица Тигар, уште еднаш како и многупати досега ја покажаа својата хуманост и пожртвуваност на дело.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК