Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски призна дека вработувањата вп М-НАВ се по партиска заслуга

Соопштение на СДСМ:

Според Мицкоски партиските вработувања не се проблем, туку, заслуга за партиското работење и лепење на плакати.

Иако минатата година Мицкоски ги поддржуваше протестите во МНАВ против наводното дивеење во агенцијата, кога станува збор за членови на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вели дека и тие луѓе имале заслуги и тие требале да работат.

Се поставува прашањето, какви заслуги треба да има некој за да се вработи во МНАВ за плата од над 2.000 евра месечно?

Со Мицкоски, партиските вработувања стануваат нормалност. На овој начин не само што се деградира државата, институциите и безбедноста, туку во прашање се доведуваат и човечки животи.

На Мицкоски не му е важно што МНАВ е одговорен за илјадници животи секој ден. За него е важно неговите партиски војници да бидат вработени, а луѓето кои учеле за тие позиции и цел живот се обидуваат да се вработат во овие инстутиции ако немаат партиска книшка спасот треба да го бараат во странство.

Со партиските списоци и партиските вработувања, падна од систем и РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Не работи ни ТЕЦ Неготино.

Не работи полицијата, царината, УЈП, ДПИ, ДЗС. Не работи ништо. Партизирана и корумпирана држава е одлика на секоја власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК