Centar.mk
фото ДЗС
-МАКЕДОНИЈА

Пет активни пожари на отворен простор во земјава, изгаснати 19 жаришта

Според најновиот извештај за пожари на отворен простор, заклучно со 07:00 часот на 14 јули 2025 година, во земјава се регистрирани вкупно пет активни пожари, додека 19 се целосно изгаснати. Во моментот нема пожари кои се ставени под контрола.

Најсериозни се пожарите во следните региони:

Општина Дојран, село Николич — зафатена е нискостеблеста шума.
Општина Чучер Сандево, село Горњани — гори нискостеблеста шума.
Општина Велес, кај селата Џидимирци и Крушје — пожар во мешана шума.
Општина Македонски Брод, помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина — зафатени се дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Општина Прилеп, населба Три Багреми — гори ниска вегетација.

Надлежните служби се на терен и активно работат на локализација и гаснење на пожарите. Граѓаните се повикуваат на внимателност и почитување на препораките за движење и престој во природа, со цел спречување на нови пожари и заштита на населението и животната средина.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК