8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Страотна сообраќајка на патот Прилеп – Градско: Дете се бори за живот, има повредени

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп-Градско каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил Фолксваген поло со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место.

Во несреќата тешко е повреден возачот на автомобилот, како и едно 11-годишно дете кое се наоѓа во критична состојба. И двајцата поради сериозноста на повредите се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. На уште еден сопатник во автомобилот со полесни повреди му е укажана лекарска помош во велешката болница.

Јавниот обвинител издаде наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот. Од лице место се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување.

Можеби ќе ве интересира

Најнова вест: Се врши евакуација на зградите околу белата палата на ВМРО ДПМНЕ поради оставен сомнителен куфер

ДЕСК

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК