Centar.mk
фото ЦУК
-МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода малолетник во Скопје кој палел оган и горел кабли

Вчера (12.07.2025) во 00.05 часот во Скопје на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по чл.288 од КЗ.

Тој бил затекнат од страна на полициски службеници во кругот на фирма на ул.„Скупи“, каде запалил оган и горел кабли.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а со малолетникот е извршен службен разговор, во присуство на неговата маќеа и адвокат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Предлог-законот за јавно обвинителство на јавна расправа

ДЕСК

ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО: Студена воздушна маса носи дожд и снег низ Македонија – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК