Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Кого лаже Пецаков – четири години ВМРО ДПМНЕ нема направено ништо за заштита на Охрид

Реакција на СДСМ

Кого лаже Пецаков? Вистината не може да се сокрие, четири години како локална власт ВМРО ДПМНЕ и Пецаков не направија ништо за заштита на Охрид, туку напротив.

Во време на СДСМ беше донесен Планот за управување, Стратегијата за рехабилитација, а Комисијата за управување со светското наследство, која постоеше само на хартија од 2012, започна со работа дури во 2018 и шест години функционираше ефикасно. Тоа беше препознаено и пофалено во секој извештај на УНЕСКО.

А што направи Пецаков?

Катна гаража во заштитена зона, платформи што беа отстранети – вратени и доградени. Тоа директно го констатира реактивната мисија на УНЕСКО од 2024 година. Наместо заштита – легализација на уништувањето.

Полн мандат имаа – не ги спроведоа ни основните препораки од мисиите на УНЕСКО во 2020 и 2024 година. Имаа цела година да покажат напредок и да испратат извештај до Комитетот. Не го направија ни тоа.

А за да покажеш напредок – треба да сработиш. А не да се сликаш и лажење да продаваш.

Граѓаните на Охрид и државата заслужуваат одговорна власт, не политиканство и неработење кое носи ризик да го изгубиме статусот на светско наследство.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

ДЕСК