Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ како со булдожер ги сруши меѓународните позиции на државата

Вадењето на јазикот од извештајот не е закана за признавањето на јазикот од Унијата ниту за идентитетот, туку тоа е пораз на владината дипломатија, порача претседателот на СДМ Венко Филипче на денешната прес конференција по повод увојувањето на извештајот на Европскиот парламент без термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“.

“Вадењето на јазикот од извештајот е пораз на владината дипломатија, која не успеа да подобри ништо од позициите кои ги наследи, туку како со булдожер ги сруши. Тие ги срушија нашите европски перспективи и го изложија нашиот народ на потсмев, правејќи го целосен губитник. Извештајот не е извештај за постоењето на македонската нација, македонскиот јазик или македонскиот идентитет но македонската интеграција во Унијата е сè подалечна поради политиките и изборите на власта“, рече Филипче.

Во своето обраќање претседателот на СДСМ Филипче рече дека во својот мандат, СДСМ успеала ги отфрли обидите македонскиот јазик да биде исклучен од извештајот благодарение на стратешките партнери кои ја препознале искрената борба, чесните намери и волја за ЕУ-интеграција но и јасните црвени линии.

„Ние знаеме кои сме, на кој јазик говориме и токму тоа го загарантиравме со договорите. На македонски се преведува во ЕУ, на македонски се потпишуваат договорите меѓу ЕУ и Северна Македонија, на македонски се говори во Унијата. Ова го гарантира Преговарачката рамка“, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

ДЕСК