Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Отворени сме за конструктивен дијалог, но препознаваме манипулација

Филипче порача дека неговата партија секогаш била подготвена за соработка и дијалог со сите политички чинители околу националните интереси и европската интеграција. „Секогаш сме отворени за соработка, како иницијативи, тоа доаѓало и од страна на партијата, во мое лично име, во некои наврати, во изминатиот период. Тоа што никогаш, на пример, не било кажано, е зошто ние да не седнеме и да се договориме – кои се нашите национални интереси, како заеднички да се бориме, на кој начин и така натаму,“ рече Филипче.

Тој нагласи дека ова е нормален и испробан пристап во сите земји што успешно се интегрирале во ЕУ. „Апсолутно сме тука да седнеме на маса и да разговараме. Впрочем, многу земји кои што влегуваа во Европската Унија во изминатиот период, го потврдуваат тоа, како на пример Хрватска, со која имаме одлична соработка – дека сите партии работат заедно кога станува збор за Европската интеграција,“ додаде Филипче.

Сепак, тој предупреди дека ваквите повици најчесто се празни и се користат како политичка тактика за дефокус. „Јас жалам и сметам дека ова е еден целосен дефокус, и дека тука не станува збор за вистинска желба да се направи чекор напред кон Европската интеграција, туку за обид за добивање на политички поени,“ истакна Филипче.

„Но, да резимираме: тука сме да седнеме заедно, да разговараме за сè што треба – од сите политички чинители, од сите етнички заедници – да разговараме за тоа како ќе го продолжиме евроинтегративниот пат,“ заврши тој.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК