Centar.mk
фото ДУИ
-МАКЕДОНИЈА

Дури и таму каде што раководат, Албанците се непожелни – тврди ДУИ

Соопштение на ДУИ:

Демократската Унија за Интеграција ја изразува својата длабока загриженост за систематската реализација на заедничкиот план на двете македонски партии, посредуван од олигархијата, кој има за цел маргинализација на Албанците од сите политички, општествени и економски процеси во државата.

Последниот случај во Филхармонијата на Северна Македонија, каде што во последните шест месеци од 18 нововработени само еден е Албанец, и покрај тоа што институцијата ја води Албанец, е јасен доказ дека овој план се реализира со софистицирани методи на дискриминација, дури и таму каде што симболично се поставуваат Албанци на раководни позиции.

Оваа антиалбанска стратегија се спроведува на повеќе нивоа:
• преку игнорирање на политичкиот легитимитет на Албанците,
• преку непочитување на принципот на Бадентер,
• преку укинување на балансерот,
• и преку целосно прекршување на правичната и соодветна застапеност во државните и јавните институции.

Албанците не се исклучуваат само од институциите што ги водат други, туку сега и од тие што ги раководат самите Албанци! Овој модел е понижувачки, неуставен и опасен за мултиетничкиот карактер на државата.

ДУИ потсетува дека правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право, кое не смее да зависи од волјата на поединци или од шеми на интересни групи. Албанците нема да молчат и нема да се откажат пред овој јасен план за национална маргинализација!

Можеби ќе ве интересира

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вестиз а времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

ДЕСК