Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гори на 9 локации низ Македонија – Еве каде е најкритично

Состојба со пожари на отворен простор (09/10.07.2025 до 07:00 часот) според ЦУК.

Вкупно активни пожари: 63, од кои:
• Активни: 9
• Под контрола: 4
• Локализирани: 1
• Изгаснати: 49

Активни пожари (9):
1. Чучер Сандево – Блаце (ниска вегетација)
2. Шуто Оризари – с. Визбегово (депонија)
3. Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума)
4. Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки)
5. Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“)
6. Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума)
7. Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума)
8. Чашка – под Солунска Глава, м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (чад во карпест дел)
9. Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)