Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Соработка во фокусот: Средба на министерот Алиу и францускиот амбасадор Ле Риголер

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес се сретна со амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер.

На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка во областа на здравството, со акцент на можностите за размена на искуства и добри практики во процесите на дигитализација на здравствениот систем, зајакнување на кадровските капацитети и спроведување на заеднички иницијативи за јавно здравје.

Министерот Алиу ја истакна заложбата на Министерството за градење модерен, праведен и ефикасен здравствен систем, при што ги потенцираше реформските насоки насочени кон дигитална трансформација, зголемена транспарентност и подобрена достапност на здравствените услуги.

Двајцата соговорници ја нагласија важноста на француско-македонските односи и изразија подготвеност за интензивирање на соработката, вклучително и преку конкретни проекти во интерес на пациентите и здравствените работници во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК