Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Проектот за гасен интерконектор со Грција е резултат на стратешка работа на владите на СДСМ

СДСМ ја поздравува секоја политика и мерка што оди во насока на унапредување на енергетската стабилност на државата, како и интеграција со европската енергетска мрежа – како што е гасниот интерконектор со Грција.

Гасниот интерконектор со Грција е дел од енергетската стратегија што ја постави Владата предводена од СДСМ. Јавноста треба да знае дека почетокот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција во близина на Неготино не е резултат на работата на Мицкоски, туку на стратешка работа, подготовки и визија на владите предводени од СДСМ.

Овој проект е подготвен и обезбеден од владите на СДСМ – со поддршка од ЕУ, ЕБОР и конкретни чекори на терен.
Во периодот на Владата на СДСМ се завршија сите потребни проекти, се доби одобрување за градба и се заврши над 90% од експропријацијата, со што се создадоа услови за да може денес реално да започне изградбата. Тоа се конкретни чекори и резултати, а не само декларативни изјави и китење со туѓи перја – како што знае Мицкоски.

Само за потсетување, токму Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која сега се фали со гасификацијата, остави 0% експропријација за клучните делници од Скопје до Тетово и од Штип до Неготино и Битола. СДСМ кога дојде на власт во 2017 година, затекна нефункционални проекти и мораше од почеток да воспостави ред и реално да ги движи работите за клучните проекти напред. Дополнително, Владата на СДСМ ја формираше фирмата НОМАГАС, 100% државна како носител на проектот за гасниот интерконектор со Грција. За разлика од тоа, ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години ја кочеше гасификацијата, дозволувајќи да постои нерешен судски спор со Макпетрол, со што државата беше заложник на политичка нефункционалност и економска неодговорност.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ цела една година нема ниту еден свој проект – промовира само проекти на СДСМ, сечат ленти за проекти што не ги ни започнале.

Што ли ќе прават кога ќе ги испромовираат сите проекти на СДСМ? Дополнително прашуваме: Кога планира Владата на ВМРО-ДПМНЕ да почне да ги реализира и промовира своите 1.198 проекти од програмата, кои не се ниту започнати?

Можеби ќе ве интересира

Утревечер посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

МПЦ ја погреши годината за вториот Илинден, во годинашното Илинденско послание наместо 1944 се наведува 1941-ва година

ДЕСК

Загрижувачки податоци: Над 11 илјади ДДВ обврзници или не поднеле ДДВ пријави или не го платиле данокот кон државата

ДЕСК