Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Митовски бара итна интервенција на институциите, пожарот кај Лозаново закана за домовите

„Во директна опасност од огнената стихија се наоѓа населеното месо Лозаново и домовите на жителите“, соопшти градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

При посета на загрозеното подрачје Митовски нагласи дека градот се наоѓа под закана најголема огнена стихија во последните неколку години и упати апел за смиреност, но и за помош од соседните општини, од државата и од доброволци.

„Апелирам и алармирам за смиреност, но во истиот момент за апелирам за помош од сите соседни општини, за државна помош вклучувајќи ја целокупната државна механизација што е на располагање, затоа што верувајте во опасност се наоѓа директно населено место Лозаново и домовите на самите на самите луѓе. Апелирам како што кажав на смиреност и на вклученост на сите граѓани, на сите оние коишто можат да дојдат тука, на лице место да помогнат во спречување на ширењето на огнената стихија“, порача градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК