Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

До крајот на денот со зголемена облачност и услови за слаб дожд, од утре посвежо

Времето денес, сончево со мала до умерена облачност. Во крајните западни делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец (над 60 km/h). Попладне вдолж Повардарието и во источните делови ветерот ќе го смени правецот во северен. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен, а попладне од северен правец.

Утре времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h). Потоа во следните денови ќе биде потопло со постепен пораст на дневната температура./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.