Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од правен прогон

На вчерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ Венко Филипче во своето обраќање пред крушевчани ги откри мотивите и потребите на кумановскиот градоначалник Миксим Димитриевски да се спои со ВМРО-ДПМНЕ како негов коалиционен партнер. Неговата потреба од ВМРО-ДПМНЕ е една Мицковски да ја „исече“ раката на правдата.

„Максим Димитриевски конечно се потврди за што е влезен во коалиција со Мицкоски и која беше неговата цел. Не била само поделбата на СДСМ. Негова цел била да се спаси од правен прогон. Скандалозно е и преседан е во судството на само еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува. И ова е јасен знак дека тој е политички заштитен од Христијан Мицкоски и дека е сега негов вечен должник. Јасно е зошто тројанскиот коњ Димитриевски беше задолжен да го дели СДСМ. Сега повеќе никој не му верува“, рече Филипче.

Венко Филипче оценувајќи ги меѓупартиските релации во своето обраќање партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги нарече колаборациоалисти.

„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се „бореле со Бугарите“, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив и не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот дека ќе се бориш против „бугарски диктат“ а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други интереси. За нив може ЕУ, за другите не може“, рече Филипче.