Centar.mk
БИЗНИС

„Кај мама и тато на работа“: Проект на ЕВН кој ги мотивира најмладите да станат дел од светот на енергетиката

ЕВН Македонија традиционално и со гордост повторно ги отвори вратите за најмладите веднаш по завршување на школската година. Компанијата преку програмата „Кај мама и тато на работа“, секоја година им овозможува на децата на вработените од Централните оддели и Корисничките енерго центри низ целата држава, да го посетат работното место на своите родители и низ едукативни игри да се запознаат со светот на енергетиката.

Околу 270 деца кои беа поделени во возрасни групи, во текот на денот учествуваа во интерактивни работилници, изведуваа експерименти, а активностите ги заокружија со музичка забава во дворот на ЕВН. Освен едукативниот карактер, работилниците имаат за цел и поттикнување на љубопитноста на најмладите кон техничките науки.

Раководителот на Човечки ресурси на ЕВН Македонија, г-дин Фисник Осеку, ги пречека најмладите и им порача дека новата енергија отсекогаш била составен дел од културата на компанијата и дека тие се добродојдени во просториите на ЕВН не само како посетители, туку и како идни вработени.

„Кај мама и тато на работа“ се организира од 2016 година. Во програмата учествуваат децата на вработените на сите компании во рамки на семејството на ЕВН.

Можеби ќе ве интересира

Ќе продолжи ли проектот “Мој ДДВ”? На секои три месеци државата троши по 14,5 милиони евра

ДЕСК

УЈП со важно соопштение до граѓаните и фирмите: Ако сте имале промет од 2. милиони денари треба да се регистрирате како ДДВ обврзник

ДЕСК

До 15-ти јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ Обврзници

C +