Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Зошто на Љутков му се дозволива вакво аздисување и злоупотреба на парите на граѓаните?

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Катарина Илиевска – Силјановска од Комисија за култура на СДСМ:

Почитувани,

СДСМ денеска алармира за сериозни злоупотреби и скандалозно однесување во Министерството за култура и туризам, под раководство на Зоран Љутков.

Прво, својот шофер го унапредил во кабинетски службеник, само за да зема 30% повисока плата.

Потоа, вработена од неговиот кабинет ја поставил како претседател на Управен одбор во Опера и балет,што е очигледен конфликт на интереси.

Министерот Љутков потрошил над 50.000 евра за патувања само во второто полугодие од 2024 година. Купени се и нови авионски карти за нова тура во Јапонија за септември, каде на државна сметка ќе настапуваат Ана и Игор Дурловски, кои имаат блиски врски со власта.

На 19 мај годинава, министерот за култура и туризам,Зоран Љутков, ја разрешил државната секретарка Марија Ѓорѓова, со единствена цел – да ѝ овозможи унапредување преку интерен оглас на позиција државен советник за европски прашања и креативни индустрии.

Иако официјално разрешена, Ѓоргова продолжи да се претставува како државен секретар. Јавно настапува на настани, отвора изложби, патува на државен трошок: во Ватикан, на Венецијанското биенале, дури и ја примила грчката амбасадорка во својство на државен секретар, позиција од која е службено разрешена, што е своевиден дипломатски скандал.

Скандалозно е што по исполнувањето на личните желби, Ѓоргова е повторно вратена на функцијата државен секретар,унапредена и згрижена.

Почитувани,

Ова е класично кршење на законите, злоупотреба на институции и директна навреда за сите културни работници во државата!

Затоа, СДСМ јавно бара:

Институциите да поведат постапки за ревизија и одговорност.

Злоупотребите со јавни функции и народни пари да престане беднаш!

Ова не е политика во интерес на културата – ова е културна катастрофа.

СДСМ нема да молчи. Ќе продолжиме да се бориме за вистински вредности, отчетност и почит кон културните работници и граѓаните!

error: Соддржината е заштитена.