Centar.mk
БИЗНИС

Средба на Димитриеска Кочоска со новиот гувернер Славески – Изразена заложба за ефикасна координција помеѓу моентарната и фискалната политика како предуслов за макроекономска стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески. На средбата двајцата соговорници разменија мислења за тековните економски предизвици и изразија заложба за продолжување и понатамошно зајакнување на координацијата помеѓу Министерството за финансии и Народната банка во насока на донесување политики што ќе бидат одржливи и во интерес на граѓаните и на стопанството.

На средбата беше изразено заедничкото уверување дека тековната макроекономска стабилност е приоритет којшто треба и понатаму да се одржува и унапредува преку добро усогласени и координирани политики. Беше истакната важноста на блиската соработка помеѓу фискалната и монетарната власт за обезбедување предвидлива економска средина, како основен предуслов за побрз економски раст.

Дополнително, беше нагласено и значењето на координираниот пристап меѓу сите финансиски регулатори во земјата, за да се овозможи понатамошен развој на стабилен, конкурентен и инклузивен финансиски систем, кој ќе биде отпорен на надворешни шокови и во функција на долгорочен економски напредок.

Министерката Димитриеска Кочоска и гувернерот Славески изразија подготвеност за континуирана институционална комуникација и соработка, со цел ефикасно справување со тековните и идните економски предизвици.

Можеби ќе ве интересира

Скоро 87% од нафтените деривати минатата година во Македонија биле увезени од Грција

C +

ЕВН Македонија дел од Самитот Македонија2025

C +

Престанете да пишувате белешки и преземете ја контролата: Како состаноците од еден час да ги претворите во записи од 30 секунди

C +