Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

НЕКАДЕ ЌЕ ПУКА СОНЦЕ, НЕКАДЕ СИЛНО НЕВРЕМЕ СО ДОЖД, ВЕТЕР И ГРАД – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во четврток и во петок.

Прогноза за 04.06.2025
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 26°C до 35°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 05.06.2025
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 26°C до 36°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 06.06.2025
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 25°C до 36°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +