27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дожд викендов во целата држава, најмногу во Крива Паланка, Виница и Струмица

Низ цела Македонија, викендов има врнежи од дожд, а во изминатите 24 часа, најмногу дожд 20 литри на метар квадратен се забележани во Крива Паланка, Виница и Струмица.

Според информацијата на УХМР, 16 литри на метар квадратен дожд паднале во Штип и Кавадарци, 14 во Битола и Берово, 13 во Тетово, Прилеп, Крушево, Попова Шапка, 11 Тополчани, 10 Скопје-Петровец, Куманово, 9 во Претор, 8 – Демир Капија, 7 во Скопје-Зајчев Рид, 6 Велес, 5 Охрид, Гевгелија, Лазарополе, 4 Маврови Анови.

Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 литри на метар квадратен). До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 километри на лас), особено долж Повардарието.

Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 16 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Во станот запалил табла од јајца, а потоа се зафатил и паркетот – детали за драмата во Битола

ДЕСК

Изгоре возило со скопски таблички во Битола

ДЕСК

Со инженер од ЈП Водовод во тимот, Мециновиќ најавува решенија за Скопје

ДЕСК