Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Дестабилизација на времето, доаѓа дожд и грмежи: Познато е какво ќе биде времето следните 4 дена

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи, а во петок ќе дува засилен југозападен ветер. Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 23.05.2025
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 24°C до 31°C

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 24.05.2025
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 17°C до 25°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 25.05.2025
Минимална температура: 8°C до 14°C
Максимална температура: 16°C до 24°C

Претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни, проследени со грмежи.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Борко Ристовски треба да си поднесе оставка

ДЕСК

ДУИ: Владата веднаш да го укине антиуставната и незаконската одлука што ги дискриминира општините и ја исклучува дијаспората

ДЕСК

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ катастрофлано потфрла во справување со пожарите, лани изгореле 95.000 хектари

ДЕСК