Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Алијанса na Албанците: Националниот координатор за имплементација на нови технологии Блерант Рамадани, поднесе неотповиклива оставка од својата функција

Денес, на 20 мај 2025 година, Националниот координатор за имплементација на нови технологии, г. Блерант Рамадани, поднесе неотповиклива оставка од својата функција, соопшти Алијанса на Албанците на Арбен Таравари. Оставката ја пренесуваме во целост:

—————

Почитувани граѓани, соработници и пријатели,

Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, интегритет и визија за развојот на нашата земја.

Искажувам благодарност до Алијансата за Албанците за довербата, до Премиерот за укажаната можност, како и до сите институционални соработници и партнери за поддршката и професионализмот.

Оставката не претставува крај, туку чекор на размислување и подготовка за нови предизвици. Останувам посветен да придонесувам таму каде што мојот ангажман може да донесе вредност.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВААТ ТРИ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО МАЈ, ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ОДМАРАМЕ: Објавена е најновата листа на празници

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25 СТЕПЕНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Напад во Бутел: Му го попречиле патот, па физички го нападнале

ДЕСК