Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Следува значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните дена

Следува период на претежно стабилно време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од средината на следната седмица ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 18.05.2025
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 18°C до 26°C

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.

Прогноза за 19.05.2025
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 20°C до 28°C

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а кон крајот на денот од северозападен правец.

Прогноза за 20.05.2025
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 19°C до 28°C

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

ОД НЕДЕЛА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА – Еве што мора да имаат возачите за да избегнат казна

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК