Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДУИ
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води ни малку грижа за пристојно учество на Албанците во општествените текови

Соопштение на ДУИ:

ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води ни малку грижа за пристојно учество на Албанците во општествените текови.

На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народна банка на Македонија, а никој веќе не ја ни спомнува можноста на оваа позиција да биде избран Албанец.

Сите се однесуваат како оваа функција да е резервирана за етничките Македонци и како да е тоа однапред завршена работа.

Во моментов, во потесниот круг за избор влезени се четворица кандидати, од кои не само што ниту еден не е Албанец, туку овој потесен круг на ниту еден начин не го изразува мултиетничкиот карактер на државата.

Без разлика што за изборот постои јасна уставна и законска процедура, која минува низ филтерот на Претседателката, а потоа и собранискиот филтер, политичките претставници на Албанците во рамките на парламентарното мнозинство требаше да обезбедат барем учество во потесниот избор на еден од врвните економски експерти – Албанци кои ги има оваа земја.

Но во моментов, тие како да не смеат ни да прашаат за ваквите позиции, а камо ли да се изборат за избор на Албанец на ваква висока државна функција.

Останува горчливиот вкус за Албанците, наметнат од Премиерот, кој прво во концентрични кругови создаде чисти етнички средини околу себе: почнувајќи прво од својот Кабинет, потоа најблискиот круг соработници со кои оди во официјални посети, сега еве треба на јавна сцена да се демонстрира дека за позицијата Гувернер Албанците едноставна немаат ниту претставник кој би можел да влезе во потесниот круг за избор.

Република Северна Македонија е држава на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната етничка, или било каква друга припадност.

И според Уставот, обврска на државата е да се грижи за правилна дистрибуција и учество во општествените текови на сите етнички заедници.

Ја повикуваме Претседателката, во рамките на своите можности, да покаже малку поголема лојалност кон Уставните одредби кои го дефинираат мултиетничкиот карактер на државата, отколку на барањата кои ѝ ги испорачуваат од Владата