Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не гласаа и не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

Соопштение на СДСМ:

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не гласаа и не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не гласаа и не го поддржаа предлогот на СДСМ на дневен ред да се стави Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани.
– Го предложивме ова законско решение затоа што не станува збор за обичен законски текст, туку за морална, институционална и човечка обврска на сите нас. Тој произлезе од големата трагедија што ни се случи во Кочани, каде што животот го загубија 62 лица, а уште 250 беа повредени. Со донесувањето на овој закон ја преземаме нашата должност како држава – да не дозволиме страдањата на граѓаните да бидат игнорирани или потиснати. Со тоа институциите конечно ќе застанат зад народот по оваа трагедија. Потребна е помош и во деновите што следат, во процесот на закрепнување, со солидарност и одговорност. Поддршката преку овој закон опфаќа обештетување за сите семејства што загубиле член – по 80.000 евра во денарска противвредност. Помош ќе добијат и оние кои имаат инвалидитет – рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски денес во Собранието.

Тој потенцираше дека со законот се предвидува добивање приоритетен пристап до здравствени услуги – како за лекување, така и за рехабилитација – при што сите услуги ќе бидат покриени од државата, како во земјата, така и во странство. Исто така, се предвидуваат и измени во трудовото право: секој родител што има повредено дете да има право на неплатено отсуство. Оваа социјална поддршка е исклучително важна и значајна.

И покрај тоа што Спасовски ги повика сите пратеници, без разлика на политичката припадност, да го поддржат ова законско решение – со кое ќе покажеме дека граѓаните имаат на кого да се потпрат – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа и не го поддржаа предлогот на СДСМ на дневен ред да се стави Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани.

фото Centar.mk