Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ ОД ДОЖД, НО НЕКАДЕ И СНЕГ: Метеоцентар со детална прогноза за следните четири дена

Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30л/м2).

На повисоките планини ќе има услови за повремен снег.

Утре ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.

Прогноза за 16.05.2025
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2 . Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 17.05.2025
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 21°C

Променливо облачно со услови за повремен локален дожд. На повисоките планини во утринските часови ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 18.05.2025
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 18°C до 26°C

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК