Centar.mk
Screenshot
МАКЕДОНИЈА

Апсења низ Скопје

Денеска (14.05.2025) на различни локации во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода две лица барани со потерници.

На територија на Центар лишен од слобода е С.Р.(75) од Скопје, баран со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од четири години по член 357 ст.6 во врска со ст.1 од КЗ. На територија на Аеродром е лишена од слобода М.М.(29) од Скопје, барана со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна по член 297 ст.1 од КЗ.

Лицата ќе бидат спроведени во надлежните казнено поправни установи.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски учествуваше во хуманитарната акција на СДММ Куманово

ДЕСК

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК