Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје – има повредени

На 12.05.2025 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.„Натанаил Кучевишки“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(40) од с.Страчинци, скопско и патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(71) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“ Н.С.(67) од с.Страчинци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК