Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Работните групи на партиите се во комуникација, во Брисел да одиме со заеднички црвени линии

Во сите држави во процесот на преговори со ЕУ се работело заедно, власт и опозиција, Хрватска и Германија се еден позитивен пример за таква соработка, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче во емисијата Политиканти.

Тој додаде дека работните групи што ги договорија со премиерот Христијан Мицкоски почнале со комуникации и дека очекува конкретни законски решенија наскоро да се најдат пред пратениците.

Филипче најави и средба на сите парламентарни партии со цел да се дојде до консензус за европската иднина на државата.

-Во следниот период ќе иницирам средба на сите парламентарни политички партии за да разговараме за „Францускиот предлог“ и што е пречката да се усвојат уставните измени. Главната пречка е, на пример, Историската комисија, некој мисли дека ќе ни го земат Гоце Делчев или слично, меѓутоа во протоколот број 2 се вели дека решенија не се задолжителни, туку се охрабрува Комисијата да работи. Тоа значи дека ако не се согласиме, нема ни да дојдат на дневен ред одредени теми. Тоа можеби е и некој ирационален страв, затоа и ќе иницирам разговори – рече Филипче.

Македонија, додаде тој, во Брисел треба да отиде со заеднички „црвени линии“ усвоени во Собранието.

Можеби ќе ве интересира

Ако утре сабајле слушнете детонации во кругот на касарната “Еребино” не се вознемирувајте – ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК

Законот за Советот на Законот за јавните обвинители го помина првото читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија во Собранието

ДЕСК