Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕВН волонтираше во рамки на еколошката акција „Генералка викенд 2025“ 

ЕВН Македонија Групацијата продолжува со својата посветеност кон долгорочните компаниски стратегии за заштита на животната средина преку масовно волонтирање во рамки на еколошката акција „Генералка викенд 2025“. 

Околу 150 вработени, работните активности ги заменија со акција за собирање отпад во различни градови: Скопје, Гевгелија, Битола, Гостивар, Прилеп, Кочани, Кавадарци, и Кичево. Целта е вработените директно да придонесат кон почиста и поздрава околина, додека за секој 10кг отпад ќе се сади по едно дрво. 

На волонтерската еколошка акција се приклучи и Управниот одбор на ЕВН Македонија.

„Една од нашите главни цели е ЕВН како одговорна компанија, континуирано да придонесува за почиста иднина за нашите идни генерации. Посветени сме да направиме позитивни промени во нашата област на делување: производство, дистрибуција и продажба на енергија.

Многу сме горди на нашите вработени кои денес учествуваа во оваа акција и покажаа дека и тие исто така се грижат да имаме почиста и поздрава животна средина.“ изјави Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Маиер.

ЕВН веќе неколку години континуирано спроведува разновидни волонтерски акции, со што досега се реализирани 58 акции со над 700 волонтери.

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК