Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Значителна промена на времето, доаѓа невреме – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Денес наместа, особено во источните делови ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Утре ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд и грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а во понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневните температури од сабота ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 09.05.2025
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и особено во ноќните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд.

Прогноза за 10.05.2025
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 16°C до 24°C

Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 11.05.2025
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 25°C

Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК