Centar.mk
СВЕТ

Пакистанскиот премиер: Подмолниот непријател изврши кукавички напад, овој гнасен чин на агресија нема да остане неказнет

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вечерва објави официјално соопштение во кое остро ги осуди индиските воени напади.

„Подмолниот непријател изврши кукавички напад на пет локации во Пакистан. Овој гнасен чин на агресија нема да остане неказнет“, рече Шариф.

Тој додаде дека Пакистан има апсолутно право решително да одговори на овој неиспровоциран напад и дека „решителен одговор веќе е во тек“.

„Целата нација стои зад своите вооружени сили. Нашиот морал и решителност се непоколебливи. Мислите и молитвите се со нашите храбри офицери и војници“, рече Шариф.

Тој заклучи дека „народот и армијата на Пакистан се целосно подготвени да се соочат со секоја закана“ и дека на непријателот нема да му биде дозволено да ги постигне своите злонамерни цели./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе

C +

Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски

C +

Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава

C +