Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши наскоро, додека американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека Русија и Украина сега се поблиску, но сепак далеку од мировен договор.
„Сега кога секоја страна ги знае мировните услови на другата страна, на Русите и Украинците е да се договорат и да го запрат овој брутален, брутален конфликт“, рече Венс во интервју .
„Ова нема да заврши наскоро“, додаде Венс.
„Секако дека Украинците се лути поради инвазијата, но дали ќе продолжат да губат илјадници и илјадници луѓе за неколку километри територија во еден или друг правец?“ рече Ванс.
Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера за истата телевизија изјави дека „наскоро треба да има вистински пробив во врска со војната во Украина или претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе мора да одлучи колку повеќе време ќе посвети на ова прашање“.
„Мислам дека знаеме каде е Украина и знаеме каде е Русија во моментов… Тие се поблиску, но сепак се далеку“, рече Рубио во интервју за програмата Ханити на Фокс њуз./Извор:Makfax