Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните и јужните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Времето во наредните денови

Времето во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК