Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од недела заладување и снег на планините

Од недела нè очекува пад на температурите и врнежи од снег на планините, информира УХМР.

До сабота ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В недела, поради продор на студена воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд, на планините снег. Температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +

Муцунски: Поставуваме основа за подлабока економска и трговска соработка со Полска

C +