Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Општина центар
ЛОКАЛНО

Герасимовски до уметниците: Аплицирајте за проектот Светски ден на уметноста, финансираме 400 илјади денари

Општина Центар, информира дека е отворен јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Светски ден на уметноста“, кој ќе се одржи на 15 април. Овој настан ќе им овозможи на уличните уметници – музичари, акробати, танчери и перформери да го претворат јавниот простор во сцена за креативно изразување. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите уметници да аплицираат и заеднички да се одбележи овој значаен светски ден.

„Општините со силна уметничка сцена имаат силен идентитет. Уличната уметност е душата на урбаната култура, а ние сме тука да ја поддржиме и славиме. Ги повикувам сите центарци да се пријават на повикот, уметноста има моќ да ги поврзува граѓаните, да поттикнува емоции, да создава заедништво и токму затоа, со овој повик ја отвораме сцената за сите улични уметници“, истакна Герасимовски.

Јавниот повик е наменет за регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што делуваат во полето на културата и уметноста, со седиште во Општина Центар. Вкупните средства за поддршка изнесуваат 400.000 денари.

Пријавите можат да се доставуваат во рок од 5 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/?p=24769, каде што е достапен и образецот за пријавување.

Пријавата со потребната документација се доставува во еден оригинален примерок, пополнета електронски, потпишана и заверена/печатирана од одговорно лице на апликантот, преку пошта на адреса: Општина Центар-Скопје, Сектор за јавни дејности/Одделение за култура, ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје, или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот, со назнака: Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот „Светски ден на уметноста“.

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активности за втора фаза, бетонирање на темели за семафоризација на крстосницата на улица “Васко Карангелевски”

ДЕСК

Вториот напад врз градоначалничката на Скопје доби епилог – Осуден напаѓачот, кој изразил искрено каење и се извинил

ДЕСК

Црната листа на САД и тивката дистанца на СДСМ од Јакимовски

ДЕСК