13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

736 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден, 109 за брзо возење

Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава вчера (26.03.2025) полициските службеници издале вкупно 736 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, информира МВР.

-Притоа, во рамки на оваа бројка, а по основ на неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, беа регистрирани 219, односно 109 прекршоци. Покрај ова, за возење без возачка дозвола регистрирани беа 76 возачи, потоа 53 учесници во сообраќајот беа санкционирани за неносење сигурносен појас, петмина за неносење на заштитна кацига, а пак 16 за користење на мобилен телефон при возење.
Исто така, според статистичките показатели, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во 11 случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, а санкционирани биле и седум пешаци.

По основ пак на Законот за возила дури 56 возила биле отстранети од сообраќај и тоа 40 заради техничка неисправност, а 16 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +