Centar.mk
ЛОКАЛНО

Асфалтирање на ул. „120“ во Јака, Општина Илинден

Деновиве беше извршено комплетно асфалтирање на улица „120“ во населба Јака, во вкупна должина од 350 метри и тротоар од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри.

Увид во текот на асфалтирањето изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека Општина Илинден е во една сериозна градежна офанзива каде се работи на повеќе проекти. Изградбата на улица „120“ е од големо значење за жителите од овој дел на општината. Локалната самоуправа континуирано работи на подобрување на патната инфраструктура во сите населени места со цел подобрување и обезбедување поквалитетни услови за живеење на сите жители.

Дополнително градоначалникот додаде дека изградбата на улица „120“ е дел од проектите кои ги финансира Владата, а со проектите е опфатена изградба на нов мост и сервисна улица во Јака, како и изградба на фекална канализавија и реконструкција на локалниот пат Бујковци-Мршевци. Средствата за реализација на овие проекти се 70% од Владата на РМ, а 30% од Буџетот на Општина Илинден.

Општина Илинден и во наредниот период останува посветена на реализација на проектите кои се во фаза на реализација но и отпочнување на нови проекти со цел квалитетни и современи услови за живот на сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Перински од Вевчани: Здружување на општини е решение за ограничените административни капацитети на малите општини

ДЕСК

ЗАПОЧНА ЗАТВОРАЊЕТО НА ВАРДАРИШТЕ: Од депонија до мега парк од 300.000 м²

ДЕСК

Перински од Охрид: Инвестиции во инклузивен туризам и подобри комунални услуги за граѓаните

ДЕСК